Додик пцуел во разговор со Ескобар – објави што му кажал

0
58

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик пцуел во разговор со специјалниот пратеник на претседателот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Додик за ова објави и стенограми од разговорот. Членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик вели дека не му е гајле за можни санкции. Му рекол дека тоа веќе го поминал, и ако сака да разговара со него, да не му се заканува.

Додик наведе дека дваесет години САД се обидуваат да „направат послушни луѓе“ во БиХ. Тој многу пати досега се закануваше со отцепување на Република Српска од БиХ, формирање на своја армија, и ја нарече БиХ „експеримент“, или нефункционална држава. САД му се закануваа со санкции. Додик многу пати изјави дека ќе дојде ден кога Република Српска ќе се спои со Србија.