ДУИ: Владеачката коалиција е стабилна, ја потврдуваме победата во вториот круг

0
18

Портпаролот на Демократската Унија за Интеграција, Бујар Османи на денешната прес -конференција ја искажа проценката на ДУИ за изборната кампања, за текот на изборниот процес во првиот круг и постигнатите резултати за градоначалници и листите на општински советници.

Османи го истакна фактот на значителното зголемување на бројот на гласовите на Демократската Унија за Интеграција во споредба со бројот на освоени гласови на локалните избори во 2017 година, сметајќи дека ова е рефлексија на довербата во зелената агенда како најкреативна понуда во политичката сцена на земјата.

Тој ги покани граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да гласаат за бројот 3 во општините каде што се натпреварува Демократската Унија за Интеграција, како и да ја дадат својата поддршка за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов за градоначалник на Град Скопје.

Според Османи, владината коалиција е стабилна и се очекува да се прошири по изборите.

“Нема ниту ново парламентарно мнозинство, ниту потреба од предвремени парламентарни избори. Владината коалиција е стабилна, а по изборите, очекуваме парламентарното мнозинство и да се прошири“ – истакна портпаролот Османи на прес -конференција.

Следува целосниот говор од денешната прес -конференција:

Дозволете на почеток да упатам задоволство од постигнатиот резултат на Демократската Унија за Интеграција на овие избори. Нашите кандидати за градоначалници добија доверба од безмалку 130 илјади гласови, што покрај партиската поддршка говори и за нивниот личен кредибилитет и популарност меѓу Албанците. Оваа доверба од граѓаните резултираше со освоени три градоначалнички места уште во првиот круг – Липково, Сарај и Пласница; но и значителна доверба кон нашите кандидати која се отсликува преку предност во поголемиот број општини со која влегуваме и во вториот круг.

Слична е и предноста која граѓаните ни ја дадоа и на советничките листи: прво сакам да ја истакнам благодарноста за добиената доверба од над 104 илјади гласа за советничките листи, доверба која ни создава обврска да ги артикулираме, чуваме и унапредуваме политичките потреби на Албанците, како далеку најлегитимна политичка сила која ги преставува нивните интереси и амбиции.

Она што особено нѐ прави горди е што овој успех е резултат на една смирена, позитивна кампања со која, како партија, успеавме да наметнеме креативна понуда која граѓаните со доверба ја прифатија. Преку својот глас, преку довербата која ни ја дадоа на овие избори, граѓаните на некој начин ја бетонираа Зелената Агенда, како централна политичка тема во општеството, што неминовно ќе се рефлектира и во идниот политички дискурс.

Секако ни преостанува уште еден политички натпревар, вториот круг, на кој уште посериозно и попосветено работиме промовирајќи ја зелената агенда и натаму како главен адут на овие избори.

Во Скопје, по победата во Сарај, нашиот централен политички фокус е општината Чаир, каде без разлика на големата предност од првиот круг, работиме секојдневно на терен за да обезбедиме континуитет на започнатите проекти во тековниот мандат, и верувам дека граѓаните ќе ја потврдат довербата која ја добивме во првиот круг во Чаир.

Она што е исто така го сметаме за многу важно е да обезбедиме континуитет на проектите и развојот на градот Скопје во целина, развој кој го наметна досегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Сакам да потенцирам дека Скопје го сметаме за далеку поинаков град од пред четири години: Скопје е денес град кој несомнено покажува дека еднакво се грижи за сите негови граѓани; во овие четири години видовме дека приоритет на градот можат да бидат и реоните каде живеат Албанци; изминативе четири години видовме развој на досега неправедно запуштените реони на градот; на крајот на краиштата, во изминативе четири години видовме што значи да се гради мултикултурен град, со почит и кон јазичното шаренило, почит кон образованието на мајчин јазик, воопшто како се гради доверба меѓу сите граѓани на Скопје.

Албанците тоа го почитуваат, и затоа вратија со доверба уште во првиот круг. Оваа доверба очекувам да се повтори и во вториот круг, и затоа ги повикувам сите Албанците, без разлика на партиската припадност, за Градоначалник на Скопје да му дадеме доверба на Петре Шилегов, што ќе биде најголема гаранција за континуитет на проектите во средините каде живеат Албанците. Сметам дека е тоа важно и за сите граѓани на главниот град; за Македонците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците итн. Создавањето мостови на комуникација, доверба меѓу етничките заедници го прави Скопје и побезбеден, и постабилен, и попрогресивен град; едноставно Скопје станува поубав град за сите граѓани, и оттука едноставно е правилно да го поддржиме Петре Шилегов за уште еден мандат како градоначалник на Скопје.

Пред да преминеме на прашања, дозволете да ги искоментирам и бројните појавени шпекулации во јавноста. Нема ниту ново парламентарно мнозинство, ниту потреба од предвремени парламентарни избори. Владината коалиција е стабилна, а по изборите, очекуваме парламентарното мнозинство и да се прошири.

Ги повикувам граѓаните на смиреност; да излезат горди и во вториот круг на овие избори; доколку ја препознаа вредноста на зелената агенда ве повикувам заедно да го заокружиме бројот три, обезбедувајќи си со тоа побава, почиста и поздрава иднина за себе и своите најблиски.

Со почит,

Демократската Унија за Интеграција