Жена од гостиварско Градец пријавила дека е натепана со стап од золвата (сестра на мажот)

0
18

42-годишна жена со иницијали Љ.И. од гостиварското село Градец вчера се обратила до полициската станица во Гостивар, каде пријавила случај на физички напад со дрвен стап од 31-годишната золва со иницијали Л.И., односно од сестрата на нејзиниот маж.

Настанот се случил во дворот од семејните куќи , кој им бил заеднички.

Полицијата постапила по пријавата, и на местото на нападот пронашла дрвен предмет, се наведува во билтенот.

Случајот е документиран и се работи на негово расчистување.