ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТ: ОДРОНИ И НАДВИСНАТИ КАРПИ КАЈ РАДОЖДА И ЕЛЕН КАМЕН

0
19

Огромни одрони од надвиснати карпи секојдневно се голема опасност за минувачите на патниот правец кај струшко Радожда и „Елен Камен“. Пред неколку дена за влакно била избегната трагедија, а надлежните се уште не преземаат ништо конкретно се жалат жителите од овој реон.

Бараат од надлежните власти итно да постават некаква изолација, оти велат безбедноста им е загрозена, а стравот дека ќе бидат затрупани додека поминуваат од ден во ден е се поголем.

Ова не е првпат радождани и жителите од тој реон да се жалат и алармираат на проблемите со штетите од одрони. Пред само неколку месеци одрон од карпа оштети неколку куќи во Радожда.

За среќа немаше жртви.

ВИДЕО СТОРИЈА НА 24 ВЕСТИ