Заев од Тетово – Стратешката инвестиција со ЕКОЛОГ, вредна 300 милиони евра

0
21

Чист град, зелени површини, ослободување на узурпираниот простор во Тетово, вети кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од СДСМ Хамдија Елезовиќ . Претседателот на Сдсм Зоран Заев, посочи дека владата како и досега ќе ги помага општините , побара глас од Тетовци за Елезовиќ која како што рече нуди одлична програма за развој и напредно Тетово.

 

Тетово како развиена и модерна општина, каде секој може да добие почист воздух, чиста околина, уредини улици и тротоари.

Ова се заложбите на Хамдија Елезовиќ кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од СДСМ, кои како што посочи ќе бидат и неговите главните приоритети во наредните четири години.

Најави решавање на проблемот со паркинг просторот, а според него уредениот сообраќај ќе стане најаката страна во градот.

Тој посочи дека граѓаните премногу време изгубиле, а многу шанси се пропуштени додека некој си играл со нивните животи. Мора да се променат работите на подобро, а сето тоа зависи од вас тетовци од вашиот избор.

Вети поврзување на градот со гасификација, уредени гробишта, подобро образование, тетовско шеталиште. Решавање на проблемот со дивите депонии, како и враќање на духот на стариот дел на Тетово, со зачувување на автентичниот лик, се со цел негова заштита, а со тоа и развој на локалната економија.

Хамдија Елезовиќ има тим, има визија, има конкретна програма што гарантира напредок и уште позасилен економски развој на Тетово. посочи Заев

Како досега така и понатака владата ќе помага за овој град, а во програмата се наведени реални, остварливи проекти, како и крупни инвестиции кои ќе донесат нови огромни можности за забрзан економски раст.

Еден од најголемите проекти е развој на скијачкиот центар Попова Шапка. Следува стратешката инвестиција со ЕКОЛОГ, вредна 300 милиони евра, која како што потенцираше Заев вклучува изградба на модерна болница, комплетно обновен фубдалски стадион и нови деловно-станбени површини. Третиот проект е филтер станица за отпадни води во Тетово,

Проектите значат живот за Тетово дополни Заев, а тоа се и нашите заложби да изградиме држава без кал, држава со здрава животна средина и чист воздух. На ова мислиме кога зборуваме за најдоброто. Затоа на 17 октомври дадете поддршка за број 12, истакна Заев.

Пред присутните се обрати и носителот на советничката листа на СДСМ за Општина Тетово Илија Димитриевски

Истакна дека во последниве 4 години, успеале да издејствуваат добри проекти за Тетово, за кои ја имале поддршката од централната власт.

Заедно со советничката листа на СДСМ ќе се залагаме Тетово да стане град, во кој има достоинствен простор за живеење и делување, гасифициран град, кој ќе овозможи пристап до достапна, сигурна и модерна енергија, а за заздравување од урбицидот и загушувањето на просторот, приоритет ќе ни биде зголемување на слободните и зелени површини, дополни Димитриевски.