Заев: Примивме жолт картон од граѓаните, од овој момент се менуваме за нив

0
13

Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена и казна. Тој глас го разбираме и уважуваме. Повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

Тој потенцира дека владеачката партија ги слуша луѓето, а не гази врз нив.

-Од понеделникот почнуваме со процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција со граѓаните. СДСМ слуша и му верува на народот. Од овој момент се менуваме за граѓаните. Го примивме жолтиот картон и барам шанса за земјата и општеството. Барам да се обединиме и сплотиме, за Скопје и државата да не ни се вратат назад. Ќе станеме подостапни за граѓаните, рече Заев.

Тој на почетокот на прес-конференцијата упати благодарност до коалициските партнери за поддршката и додаде дека имаат стабилно мнозинство во Собранието.