Заев: Сакам да дочекам претседател на државата да биде Албанец

0
15

Ќе го чекам моментот кога сите граѓани бидат подготвени за претседател Албанец, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање од ТВ21.

„Тој момент ќе сакам да го дочекам , да бидам жив и здрав, јас а и сите ние што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кои што најмалку 50% од македонците, 50% од албанците, 50% србите, власите, ромите, бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател“, изјави премиерот Зоран Заев.

Вчера ваквата идеја ја соопшти на митинг, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после Претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со Премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.