Заев: Точката „плус еден“ е вметнување на Бугарите во Уставот

0
14

Владата не гледа пречки за вметнување на Бугарите во македонскиот устав, но не и безусловно.

Ден по самитот во Словенија кога бугарскиот Претседател Румен Радев прашањето го постави како нов услов за надминување на спорот, премиерот Заев повтори дека тоа ќе се случи, но пред самиот влез на земјава во Унијата. Шефот на дипломатијата Османи пак порача дека со евентуалното вклучување на Бугарите во македонскиот устав, официјална Софија се откажува од тезата „еден народ во две држави“.

Реципроцитет со вметнување на македонско малцинство во Бугарија според Османи не е можен бидејќи за разлика од нашиот, бугарскиот устав тоа не го предвидува.

Прашан пак за тоа дали на состанокот со Меркел и Макрон имало искрена намера за изнаоѓање на решение со Бугарија, македонскиот премиер вели дека до сега не ги видел во такво светло во обид за деблокада на македонските евроинтеграции Во однос на протоколот од 5+1 точки Заев појасни дека се работи за прашања кои и досега биле познати, како краткото име на земјава, немешање во внатрешните работи и говор на омраза.

Конечната декларација пак која беше усвоена во Словенија според него е позитивна за земјава, но потребни се конкретни чекори, односно старт на преговорите час поскоро.

Македонија сега се надева на следниот одлучувачки самит во Брисел закажан за средината на декември, на кој би се знаело дали ќе се крене бугарското вето за земјава конечно да ги започне преговорите за членство во Европската Унија.

Извор Канал5