Заев: Шансите за тргање на бугарската блокада ќе се зголемат по изборите во двете земји

0
19

Западниот Балкан и припаѓа на Европа. ЕУ ќе плати висока цена, ако не ги исполни ветувањата – беа пораките што доминираа на Самитот за Западен Балкан, во организација на Економист.

Истакнати актуелни и поранашени дипломати и политичари порачаа дека Унијата мора да направи чекор напред и да преземе одговорност за иднината на регионов. Премиерот ЗАев кој го отвори форумот изрази очекување дека по изборите во Македонија, а потоа и во Бугарија двојно се зголемат шансите за деблокада на бугарското вето. За искусните дипломати Јошка Фишер и Јоргос Папандреу, пак, дека Европската Унија не треба да замижува пред предизвиците туку да ги решава.

„ Верувам дека постои решение и имам искуство во изнаоѓање многу решенија во изминатите четири години. Лично верувам дека до крајот на оваа година е можно решение. Секој има право на самоопределување и тоа е многу добро. Се разбира, неодамна видов и многу позитивни сигнали од Бугарија. Тие го разбираат тоа и кога зборуваме едни со други, дури и заедно на прес-конференции тие велат македонски јазик и македонски луѓе, меѓутоа официјално не го признаваат и се надевам дека и тоа ќе го решиме набрзо.“Зоран Заев – Претседател на Владата на Македонија.

За потребата за интегрирање на Македонија во Европската Унија говореше и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз, за која по членството на земајва во НАТО приоритет за Вашингтон останува интегрирањето во Унијата.

Освен блокадата на Бугарија, една од темите беше и српско косовските односи особено по вчерашните инциденти во Митровица за кои косовскиот премиер Курти рече дека не треба да се политизираат и да им се става етнички предзнак бидејќи станувало збор за полициска акција против против криминалот и корупцијата.