Затворен угостителски објект, сопственикот навредувсл полицајци, не работел според протоколи, а имал танчерки кои работеле нелегално

0
18

Вчеравечер 2/3 октомври од 23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со ДПИ спроведоа акциска контрола во угостотелски објект, сопственост на З.Б.(47) од гостиварски Добридол, а лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, пред влезот на Гостивар.

При контролста било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и владините мерки за справување со “ковид-19”, поради што сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”

Тој, исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал.

При контролата во објектот биле затекнати и 5 странски државјанки(танчерки), од кои 3 од Република Албанија и 2 од Република Косово, на различна возраст од 26 до 45 години, кои го злоупоттебиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.