Зелен Хуман Град: Еве што исековте, еве што насадивме!/ВИДЕО

0
21

Исекоа дрво за да им се гледа билбордот. Ние засадивме дрво и им го покривме билбордот, напишаа активистите на Зелен Хуман Град во Фејсбук објава, во врска со исеченото дрво кое го покриваше билбордот на актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за уште еден мандат.
Вчера, на социјалните мрежи се прошири видео на кое во општина Кисела Вода се сече дрво, со цел поубаво да се гледа билбордот на еден од кандидатите за градоначалник на престојните локални избори.

Поведени од ова, активистите на Зелен Хуман Град излегоа на терен и на истото место каде што беше исечено дрвото засадија ново, а старото исечено го потпреа назад врз билбордот.

„Сечењето на белите дробови на Скопје не смее да се случи и природата не смее да трпи поради партиите!“, стои во објавата на Зелен Хуман Град.

https://twitter.com/i/status/1446205551575240705