Илиевски го демантира Димитриевски

0
38

Соопштение на изборниот штаб на Оливер Илиевски:

Се моли градоначалникот во заминување да не шири лажни вести и лажни информации дека нешто се уништува или крши.
Во моментов се поставува сцена на градаскиот плоштад за вечерашната граѓанска трибина на СДСМ. И самиот граодначалник во заминување знае дека кога се поставува и монтира сцената, се отстрануваат сите елементи од тој простор и повторно се враќаат назад во првобитна форма и локација.

СДСМ ја има поддршката од граѓаните и затоа ќе победи на следните избори, додека некој безидејност и очај се обидува да шири лажни информации, знаејќи дека го чека голем пораз од страна на граѓаните на овие локални избори.

На лажниот патриотизам крајот му е на 17 октомври, кумановци повторно ќе изберат црвено, Куманово ќе остане бастион на СДСМ, лажните ветувања и заштитата на личниот интерес се препознаени од страна на граѓаните. Овие денови маските паднаа и се знае кој е вистионскиот социјалдемократ, Оливер Илиевски ќе биде идниот градоначалник на Куманово. На 17 октомври сите заокружуваме број 12.