Камерунци фатени на скопски аеродром со милион фалсификувани евра

0
19

На меѓународниот аеродром Скопје, полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои со себе носеле речиси еден милион фалсификувани евра. Според МВР тие допатувале од Милано.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а МВР најавува детална информација за утре.