Касами обвинува за коруптивни зделки со депонијата Дрисла

0
17

Кандидатот на Движењето Беса, за градоначалник на Тетово, Билал Касами во „Емисијата 200“ на Алсат, рече дека управувањето со отпадот продолжува да биде проблем во оваа општина, каде вели дека имало коруптивен договор со депонијата Дрисла

Според него, луѓе блиски до актуелната градоначалничка на Тетово, биле вклучени во овие договори кои го оштетиле општинското претпријатие за милионски суми.

Касами рече дека неговиот план е да обезбеди фабрика за рециклирање и според него, тоа значително ќе ги намали трошоците за управување со отпадот.

„Ние нудиме во секој станбен блок и на главните булевари да има подземни контејнери, каде што граѓаните ќе го селектираат отпадот, со што значително ќе се намали количината на отпад што ќе треба да се депонира на сегашните депонии, каде што обезбедуваме фабрика за рециклирање, што ќе се користи за селекција на друг отпад што доаѓа од граѓаните и тоа значително ќе ги намали трошоците за управување со отпадот“, рече Касами.