Кандидaтот за Беса за граодначалник за Теарце – Чистота ќе преовладее во сите села на ова општина

0
17

Движењето Беса го одржа својот централен митинг во селото Слатинo, Општина Теарце, каде што ја претстави својата програма за локалните избори 2021.

Присутни беа и претседателот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, шефот на изборниот штаб и генерален секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, организациониот секретар, Аднан Азизи, заменик претседателот на Движењето Беса, Абдуш Демири како и многу партиски функционери од овој политички субјект.

Во својот говор пред присутните, носителот на листата на кандидати за советници на општината, Ахмет Зибери рече дека со доаѓањето на Движењето Беса на чело на Општина Теарце веднаш ќе почне да се опоравуваат сите сфери на општествениот живот.

Кандидатот на Движењето Беса за градоначалник на Општина Теарце, Даут Мемиши во својот говор пред жителите на Општина Теарце рече дека Движењето Беса и тој како нејзин кандидат ќе бидат посветени на почиста општина, без отпад, со квалитетни административни услуги и потполна транспарентност.

„Како што се ближи денот на изборите, така се приближува и промената во Општина Теарце. Со нашето доаѓање на чело на Општината, ќе бидеме посветени на општина за сите граѓани, бидејќи пред се на оваа институција и треба ослободување. Јас не ветувам многу како иние кои ветуваа три мандати и не остварија ништо Јас можам да ви ветам само едно: Чистота ќе преовладее во сите села на ова општина, ќе има квалитетна услуга во општинската администрација и транспарентност пред сите граѓани. Тие што се обидуваат да копираат, не само програмата,но и нашата иницијатива, само ќе им речеме дека копијата секогаш е потемна од оригиналот. Тие се грижеа за нивните интереси, само да ги развијат своите приватни бизниси. ,Го занемарија Слатино, но и другите села, не затоа што не можеа да направат нешто, туку затоа што не сакаа, затоа што се грижеа само за сопствените интереси, се грижеа само за развивање на нивните приватни бизниси. 0 транспарентност, 0 работни места за жителите, 0 странски инвестиции, рече Мемиши

„Нашата цел на овие избори не е да ги разубавиме социјалните мрежи, туку да го разубавиме местото каде што живееме,додаде Мемиши