Касами – Бесплатен паркинг за сите граѓани додека изградиме повеќе паркиралишта

0
17

Кандидатот за градоначалник за Општина Тетово Биљал Касами од Беса, вети бепслатен паркинг за граѓаните, се додека не се изградат повеќе паркиралишта во градот, пред се монтажни кои ќе бидат доволни да ги опслужат сите возила кои циркулираат во градот, а имаат потреба од паркирање.

-Значи гарантираме дека за брзо време ќе се реши проблемот со паркирање,а ќе се градат и катни гаражи и монтажни конструкции, а тие брзо се градат, рече Биљал Касами, кандидат за градоначалник за Општина Тетово.

Тој најави и модерно образование.  

-Наша цел е да се градат училишта и целта е сите ученици да учат во прва смена, а во тие училници секое дете ќе учи преку смарт табли и нашите деца ќе имаат достоинствени и европски услови за образование. Ние ќе се залагаме за решавање на главните проблеми, вода за пиење, канализација и слично, додаде Касами.

Тој го посети здружението Мобилност, каде вети голема помош за лицата со инвалидитет и полесен пристат и приод до јавните институции, како и до слободните јавни површини, пред се тротоари, каде лицата со инвалидитет ќе можа слободно да поминуваат, ослободени од големиот број препреки, пред се од возилата кои се паркираат на овие сообраќајнци, наменети за пешаците.