Касами – Да го зачуваме јавното здравје на тетовци преку подобри услови за живот, чиста вода, воздух и места за рекреација и спорт

0
17

Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, воедно и кандидат за градоначалник за Општина Тетово одржа средба со здравствени работници од Тетово.

Дел од докторите му предочија на Касами што треба да направи општината за да се заштити јавното здравје на тетовци, земајќи го предвид фактот дека локалната власт нема ингеренции поврзани со јавното здравство.

-Значи подобро е да се спречи отколку да се лечи. Имаше сугестии за подобрување на воздухот, водата, да има повеќе површини за рекреација, спорт, за планирање и особено подобрување на условите за спорт на децата. Да се стимулира спортот, а има предлог во Тетово да се изградат отворени базени,  еден да исполнува олимписки услови и нашите млади да се занимаваат со пливање, а со тоа да имаат и физичко и ментално здравје,рече кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од Беса Биљал Касами.