Касами за Топ Тема: Теута Арифи има вработени по договор на дело на платен список на општина Тетово, а се во странство

0
19

Има големи расходи на општинскиот буџет кој оди на вработувања на договори на дело, а се однесуваат некогаш и на 700-тини , 800-тини илјади евра. Станува збор за вработувања на роднини, сестри на други вработени на позиции во општина Тетово. Некои од нив не одат на работа, не знаат ниту каде е општината. Има и такви кои се во странство, а се на платен список, рече во интервјуто за Топ Тема на Телма, Билал Касами (кандидат за градоначалник на Тетово и претседател на Беса).

-Тие сега се уценети. Да не го злоупотребуваше буџетот, Теута Арифи немаше да освои ни илјада гласа, а не 10.000, рече нејзиниот противкандидат Биљал Касами, кој тврди дека дупката во општинскиот буџет е околу 12 милиони евра.

-Парите што треба да одат за комуналец за ѓубрето, за шелтер-центар за кучињата-скитници и други потреби, одат за договор на дело за она да ги добие овие 10 илјади гласа – рече Касами на Топ Телма на Телма.