Касами од центарот на Тетово: Ќе формираме канцеларија која ќе поддржува нови бизниси

0
17

Караванот на Движењето Беса ја промовираше дел од програмата  „НАШАТА ОПШТИНА„ на кандидат за градоначалник наТетово, и претседател на Движењето Беса, Билал Касами во центарот на градот.

Во својот говор, претседателот на Движењето Беса, Касами, меѓу другото, рече дека за време на неговото раководење ќе формира канцеларија која ќе поддржува нови бизниси, односно во рамките на Центарот за локален економски развој ќе биде формирана канцеларијата за бизнис инкубатор.

„Речиси е невозможно да се отвори бизнис во Северна Македонија, и ние го идентификувавме ова како клучен проблем, така што една од главните точки на нашата програмска понуда е поврзана со концептот на инкубација или економски инкубатори. Ова значи дека секој млад човек, сите тие бизнисмени кои имаат почетен капитал и кои имаат одлична идеја, ќе бидат поддржани од Општина Тетово, општината ќе ги покрие трошоците поврзани со регистрацијата на бизнисот, со сметководствените и правните прашања најмалку три години, така што тие ќе треба само да имаат идеи, да започнат бизнис и се што е поврзано со разни административни постапки итн, ќе бидат покриени од инкубаторската канцеларија, која ќе ја основа Движењето Беса во Општина Тетово. Ова ќе биде моќен генератор за започнување нови бизниси. Знаеме дека секој ден Тетово се празни, гледаме дека секој ден заминуват најдобрите луѓе што ги имаме, најдобрите професионалци што ги имаме, кои тука не успеваат, но кога заминуват во странство, тие се најуспешните луѓе. Сакаме да ги задржиме тука овие луѓе, овие млади мажи и жени во Тетово, бидејќи тие ќе бидат генератор на идниот економски просперитет на ОпштинаТетово“, рече Касами.

Оваа канцеларија ќе биде должна да ја подготви потребната документација за нови бизниси во одреден временски период, да изготви развојни проекти во соработка со локалните компании и универзитетите на ДУТ и УЈИЕ, додаде Касами