КАСАМИ: Со нашата власт, проблемот со отпадоците ќе биде историја, Тетово ќе биде најчистиот град во Северна Македонија

0
16

Претседателот на БЕСА Биљал Касами кој е и кандидат за градоначалник за  Тетово од населбата Тетекс 1 во Тетово, вети дека ниту еден вработен во општинската администрација нема да добие отказ од работа, но мора да бидат трпеливи до 17 октомври.

Касами, исто така, рече дека ветувањата на Движењето Беса во оваа предизборна кампања нема да останат само ветувања, туку сите оние работи што досега беа кажани и ветени имаат соодветни проекти, проучени и анализирани, кои за време на мандатот на Движењето Беса ќе се реализираат до крај.

Тој додаде дека сите улици ќе бидат санирани и регулирани правилно како што е во секој европски град и исто така ќе интервенираат во канализационата мрежа, а ќе ги решат и другите проблеми, со кои се соочува ОпштинаТетово.

„Овде од населба Тетекс 1 ќе ја претставиме една наша точка од програмата, а тоа е да имаме канализација. Преку ова ветување ние нема да дозволиме да имаме патишта, кои во овие врнежливи времиња личат на „мини езера“ кои се непроодни и за пешаците иза автомобилите, така што еднаш и засекогаш Тетово ќе има добра канализација и ќе изгледа како модерен град, како европски град. Исто така, детално работевме на прашањето за отпадоците, што исто така е една наша болна точка, поради неуспесите на минатите раководства на ОпштинаТетово. Во соработка со пријателите кои имаат искуство во оваа област, веднаш по преземање на власта во Општина Тетово ќе го направиме Тетово еден чист град, град кој ќе биде еден од најубавите градови во Северна Македонија“, рече Касами.

Тој, исто така, рече дека Движењето Беса го има подготвено деталниот урбанистички план, кој е обработен од вистински и врвни професионалци кои се докажани во оваа област, заклучувајќи дека гласот за Движењето Беса е глас за победа на сите, дури и за политичките противници на Движење Беса.

На овие избори, Движењето Беса нуди конкретни и амбициозни идеи и проекти, кои се реални и силни, кои носат нов начин на управување со општинаТетово, како единствена и конкретна надеж за вас , со голема доверба кон нас, која наскоро ќе стане опиплива реалност и која ќе дојде. Комбинираме искуство, енергија и нов дух, ќе се залагаме за поголема застапеност на младите и жените. Младите луѓе се нашиот најголем адут. Имаме среќа што ги имаме, затоа имаме обврска да ги поддржиме како гаранција за нашата иднина, додаде Касами.