Касами: Финансиите на општина Тетово се катастрофални

0
22

Кандидатот за градоначалник на Тетово од Движењето Беса, Биљал Касами, зборуваше за даноците во оваа општина, при што рече дека нивото на плаќање данок во Тетово е на најниско ниво од сите општини во земјава. Тој во емисијата „Патот кон“ на Алсат оцени дека Тетово е во катастрофална ситуација во однос на финансиите и нагласи дека на оваа општина ѝ треба добар менаџер за да има стабилен буџет, наведува Алсат.

Нивото на плаќање данок е на најниско ниво во сите општини во Северна Македонија. Значи, општина Тетово само во 2020 година, 11% од буџетот го наполнила од своите даночни приходи. Значи и тие 11% не ги реализирала со тоа што е планирано во 2020 година. Финансиите во општина Тетово се катастрофални. Тетово треба да има менаџер кој ќе знае како да управува со своите финансии и да има стабилен буџет“, рече Касами. /Алсат.мк