Касами -Ќе воведеме ефикасна и транспарентна администрација

0
57
Ефикасна и транспарентна администрација. Унапредувањето на вработените во општината според законот се дел од ветувањата на кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од Беса Биљал Касами.
За функционирање на една општина неотуѓиво е правилното и ефикасно
функционирање на општинската администрација. Оптималното
управување со човечките ресурси не само што ја зголемува
функционалноста на општината, туку ја зголемува и ефикасноста на
услугите за граѓаните.Мојот тим и јас сме посветени на едно ефикасно управување, профитабилно претпријатие во служба на граѓаните,  истакна Касами
Меѓу другото тој најави
  • Реорганизација на општинската администрација. Движењето БЕСА ќе обезбеди: професионална и ефикасна администрација, отчетна и транспарентна, деполитизирана и со нула толеранција за криминал и корупција, квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот.
  • Ефикасна комуникација помеѓу општинските претпријатија – олеснување на бирократските процедури.
  • Структурирање на општински јавни претпријатија кои имаат финансиски, организациски и административни проблеми.
  • Конкретен план за модернизација на ЈКП.
  • Модернизација на противпожарната единица.
  • Секторите во кои има голем број случаи акумулирани со текот на годините, ќе работат со дополнителни часови, за да можат да обезбедат навремена услуга за сите граѓани.
  • Флексибилен распоред на општинските институции почнувајќи од 7.30 до 8.30 часот и завршувајќи во 15.30, односно до 16.30 часот попладне.
  • Професионален раководител – Професионализација, едукација и обука на општинската администрација.
  • Нулта толеранција за фиктивните вработени.
  • Награда на заслужни вработени и професионален менаџмент.
  • Ќе ги дигитализираме услугите на граѓаните – долгите чекања на шалтерите на општинската администрација ќе бидат елиминирани.
  • Формирање дигитални центри на одредени локации каде што граѓаните во независно од општинската администрација ќе можат да ја добијат потребната документација што е можно поблиску до нивното место на живеење, само со еден „КЛИК“.
  • Ќе инсталираме дигитални апликации, кои ќе ја следат работата на административниот персонал, бројот и времетраењето на завршените предмети.
  • Дигиталната општина ќе овозможи нула толеранција за криминал, корупција и злоупотреба на службената положба од кој било административен вработен.

За крај,  можам да ви кажам нешто што е сигурно: Сите оние кои се ангажирани и работат во администрацијата на Општина Тетово, или во општинските претпријатија не само што ќе останат на работа, туку и ќе бидат унапредени. Унапредувањата ќе се прават како што предвидува законот, а не како досега – како што сакаа Теута и нејзината компанија,додаде Касами