Кичевските гастарбајтери се вратија за да гласаат

0
21

Со автобуси, авиони или сопствени автомобили, голем број печалбари од Кичево и кичевско кои работат во Швајцарија, Италија, Австрија, Германија и други европски земји, во последните 24 часа организирано пристигнаа во Кичево за да гласаат во вториот круг од локалните избори, на кои ќе го поддржат кандидатот на ДУИ ,Фатмир Дехари.

Низ кичевската чаршија, во локалите и на сообраќајниците, видлива е зголемена концентрација на луѓе и фреквенција на автомобили и во овие три дена Кичево наликува на градот од периодот на летото, кога во земјава печалбарите беа на годишен одмор.

Како што допатуваа во земјава тие организирано и со истите превозни средства ќе се вратат во земјата каде што работат и живеат. Сите се единствени дека со нивната поддршка кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари ќе добие повеќе гласови, ќе победи на овие избори и ќе го освои третиот мандат градоначалник на општина Кичево.

Печалбарите не го кријат оптимизмот дека нивните гласови ќе пресудат кој ќе биде градски татко во наредните четири години во оваа општина.