Коалиција Алијанса за Албанците Алтернатива: Општина Тетово плаќа 300 милитанти кои не работат, вработените во ЈКП не примаат плати

0
17

Денес пред вас ќе ги откриеме- измамата и последната голема малверзација/злоупотреба на актуелната градоначалничка на Општина Тетово, Теута Арифи.Во текот на една од дебатните емисии, актуелната градоначалничка Теута Арифи, јавно изјави дека бројот на вработените во Општина Тетово е 360, посочија денеска на пресс конференција од Алијансата за Албанците

-Ние, денес сакаме да ве информираме точно и без измами.  Во Општина Тетово, освен овие 360 вработени лица, Теута Арифи само во општината има вработено над 300 лица со договор за дело за коишто секоја година од буџетот на општината, којшто го полниме ние, даночните обврзници на Тетово, се трошат над 900.000 евра!!!  Значи, во текот на 8-те години на власт, Теута Арифи само за овие позиции на договор за дело има потрошено над 7 милиони евра, пари на даночните обврзници на тетовчани!!!

Доколку овие пари беа потрошени таму каде што има потреба, а не за луѓе што се партиски милитанти, за членови од семејството на Теута Арифи и на вработените во нејзиниот кабинет, денес од овие пари ќе беа изградени неколку градинки за деца, улици, катчиња за играње за децата, паркови и слично, истакнаа од Алијансата за Албанците

На листата којашто е јавно објавена и што можете да ја добиете од веб страницата: https://open.finance.gov.mk, ќе видите како години по ред Теута Арифи им давала и продолжува да им дава плати на партиските милитанти, на нејзините блиски и на блиските на лицата во нејзиниот кабинет, коишто никогаш немаат работено и не работат во општината, а некои пак ниту се наоѓаат во Тетово, туку живеат и работат надвор од Република Северна Македонија, додадоа од Алијансата за Албанците

Слични листи, со вработени со договор за дело има и во Јавното Комунално Претпријатие, каде што исто така има многу блиски на Теута Арифи и на неговиот сопруг, но, исто така и блиски на други функционери на ДУИ, коишто примаат плата со години, а немаат никогаш отидено на работа. Многу загрижувачки е фактот дека ови фиктивни вработени со договори добиваат огромни суми на средства, додека на вработените им доцнат платите и не им се уплаќаат здраствените и пензиски придонеси обвинија од Алијансата за Албанците.