Кривична за татко и малолетник: Му носел дрога на синот во затворот Идризово

0
18

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.А.(58) и М.А.(17), двајцата од Скопје.

Како што информира МВР пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-На 06.03.2021 околу 12.00 часот, при влез во Затворот Идризово, затворската полиција извршила претрес над пријавените, при што кај нив пронашле и одзеле марихуана и хероин, кои имале намера да му ги предадат на синот на Ш.А., кој издржувал затворска казна во Затворот Идризово, велат од полицијата.