Малолетник загина во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

0
19

Со автомобилот управувал друг малолетник, кој се здобил со тешки повреди и е пренесен во охридската болница

Седумнаесетгодишно момче од село Мешеишта, Општина Дебарца, загина во сообраќајка што се случи изутринава околу 3 часот кај село Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево. Момчето било сопатник во возилото и од здобиените повреди починало на местото на несреќата.

Како што информира МВР, во несреќата автомобилот „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки, кој бил управуван од друг малолетник, 17-годишник од село Лешани, Општина Дебарца излетал од патот. Возачот-малолетник се здобил со тешки повреди и е пренесен во охридската болница „Св.Еразмо“.

Екипа на СВР Охрид извршила увид на местото на несреќата.