Младинскиот Форум на Алијанса за Албанците ги “расцути со цвеќе дупките низ улиците на Тетово!

0
16

Младите на Алијанса за Албанците, синоќа во една од преземените активности
ги покрија дупките низ улиците на Тетово, ставајќи цвеќиња во нив.
Овој гест на младите од партијата на Села го привлече вниманието на граѓаните.

Со оваа акција младината испраќа порака до Градоначалничката на Општина Тетово, воедно и кандидат за градоначалничка на општина Тетово, Госпоѓа Теута Арифи, за
длабоките дупки по улиците на градот во коишто може да се засадат и
цвеќиња. Оваа преземена акција е исто така и со
намера да се иронизира зелената агенда на ДУИ коишто ја промовираат
како агенда за локалните избори.  Но, граѓаните во сите општини се
сведоци за тоа како управувале градоначалниците на ДУИ по општините,
оставајќи ги улиците со отпадоци, со дупки и без ниедна зелена
површина или парк за децата, истакнаа од Алијансата за Албанците