Молотов коктел фрлен во тетовска продавница

0
19

Тетовската полиција соопшти дека синоќа настанл пожар во тетовска продавница откако кон неа било фрлено шише со запалива течност. Според полицискиот билтен при нападот се оштетени долниот дел од излогот и стаклото, но повредени нема.

Огнот е целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица.

„Околу 2 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на излог од продавница на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, сопственост на 66-годишниот од тетовско Шемшово било фрлено шише со запалива течност“, изјави портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

Полицијата извршила увид и како што велат, се преземаат мерки за расчистување на случајот.