Не може веќе оние кои ги бришат бугарските фашисти од историските читанки, да полагаат цвеќиња на гробовите на македонските антифашисти: АПАСИЕВ ПО АКЦИЈАТА ВО ПРИЛЕП

0
14

Не може веќе оние кои ги бришат бугарските фашисти од историските читанки, да полагаат цвеќиња на гробовите на македонските антифашисти, вели Димитар Апасиев, лидер на Левица неколку часа откако активисти на партијата застанаа во меморијалниот комплекс во Прилеп каде се одржуваше свеченоста по повод 11 Октомври.

Владината, делегацијата на претседателот Стево Пендаровски и другите државни и воени делегации мораа буквално да ги заобиколуваат овие единаесетмина луѓе за да ги положат венците. Во јавноста овој обид се толкува како неуспешна акција да се уништи чествувањето и непотребно правење можни инциденти.

Претходно Левица честитајќи го празникот меѓудругото соопшти:

„Но, нашата генерација нема да дозволи да исчезнат стремежите на македонскиот народ за слободна, унитарна и самостојна држава – со брусање на симболите и сквернавење на спомениците од НОБ, со преиначување на историјата во учебниците или со потпишување на срамни и капитулантски меѓународни договори, кои никогаш нема да бидат прифатени од народот. Преку ваквите постапки на сегашната квислиншката власт и на домашните предавници во Македонија, само се надградуваат токму онакви услови какви што во 1941 година, на 11 октомври, македонскиот народ го принудиле да се дигне против окупаторите на неговата земја. Токму затоа, Левица одбива да учествува во сувопарните и крајно лицемерни прослави организирани од страна на Владата на Заев, која систематски ги негира и уништува идеалите и стремежите на македонската државност, поставени токму во народно-ослободителната борба против фашизмот.

Наша задача ќе биде повторно, следејќи ги искуствата на хероите од Народно-ослободителната борба (НОБ), да го трасираме патот до враќање на државата на АСНОМ-ските темели, при што македонскиот народ повторно ќе се најде на вистинската и праведна страна на Историјата – да се спротивстави на империјалистичките интереси и, во сојуз со сите од него угнетени народи низ светот, повторно да извојува победа над окупаторите!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДО, пренесе Апасиев.