Ние не правиме коалиција за тендери туку коалиција за граѓаните порача претседателот на ДУИ Али Ахмети кој оствари средба со турската заедница во Гостивар

0
16
Ние не правиме коалиција за тендери туку коалиција за граѓаните порача претседателот на ДУИ Али Ахмети кој оствари средба со турската заедница во Гостивар.

Ние како Демократска Унија за Интеграција работиме за сите граѓани, не правиме поделби. Лично јас го ставив мојот потпис тускиот да стане официјален јазик во Кичево. Тоа не го направив за глас повеќе, туку за целосна рамноправност, посочи претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Тој пред турската заедница во Гостивар најави работа и проекти од интерес за сите. Ги повика заедно и обединето во недела да ги направат првите чекори кон промена, кои ќе донесат напредок и развој на Гостивар.

-Дојдов тука пред вас за да побарам подршка за новото поглавје на ДУИ, кое бара многу посветеност и експертиза за да се спроведе . Без силна соработка со општините оваа палтформа ќе се соочува со пречки. Бев во Чегране пред да дојдам овде и дознав дека граѓаните четири години барале стадион.Владата ги доделила парите, но градоначалникот ја блокирал оваа инвестиција. За да добиеме, за да донесеме во земјава над две милијарди евра од странство, потребна ни е соработка со општините, рече Ахмети 

Кандидатот за Општина Гостиват Невзат Бејта ја презентираше програмата за наредните четири години. Дополни дека тој кога ја водел локалната самоуправа за прв пат бил официјализиран турскиот јазик, а било поставено и турското  знаме пред зградата на локалната самоуправа.

– Сега имаме нова програма која ќе ја заживее економијата во градот и со која се решаваат сите проблеми кои ги има во нашиот град. Првиот е проблемот со Русино кој ќе го решиме заедно со помош на владата и меѓународните пријатели. Ќе го исчистме Гостивар од кучиња скитници, ќе ги исчистиме дивите депонии, ќе обновиме парковите и пешачките патеки, посочи Бејта

На собирот се обрати вицепремиерот и организацискиот секретар на ДУИ Артабн Груби. Најави промени кон подобро со изборот на Невзат Бејта за прв човек на Гостивар