Николовски го осуди нападот врз претседателот на РКЕ Бислимовски

0
14

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, одржливиот развој и човечките ресурси Љупчо Николовски го осуди нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Во статус на Фејсбук, Николовски соопшти дека веќе се постапува по случајот.

– Ова е правна држава каде институциите постапуваат еднакво за сите, пред законите сме сите еднакви, а несогласувањата може да се решаваат единствено преку процедурите и институциите на системот, напиша Николовски.

Претседателот на РКЕ беше нападнат синоќа во центарот на Скопје. Случајот е пријавен во полиција.