ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ ДА СЕ БОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА

0
13

Прашањето на краткото име, прашањето на говорот на омраза, на рехабилитација на жртви на комунизмот, на работата на историската комисија, прашањето на немешање во внатрешните работи на Република Бугарија на кое што се надоврзува и прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот, се петте точки кои се постојана тема на разговорите со Бугарија и во рамки на обидот за одржување на меѓувладината комисија и надминување на спорот со цел деблокирање на пристапните преговори за земјава. Барањето за вклучување на бугарската заедница во Уставот не е спротивно на нашите интереси, бидејќи земјава никогаш немала проблем да признае различни етнички групи кои имаат можност да ги манифестираат своите идентитетски, културни, историски атрибути, па ниту на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

Ова го истакна денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање во врска со патоказот со пет плус едно прашање, кој како можно решение за спорот вчера на самитот во Брдо беше споменат и од високите претставници на Унијата. Патоказот би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес.

Извор Тв24