ПАДНАА ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ И ВАТСАП

0
58

Паднаа двете најголеми социјални мрежи. Корисниците на Фејсбук и Инстаграм денес пријавиле прекини во користењето на социјалните мрежи, и се чини дека гигантот на овие две социјалните медиуми повторно има сериозни технички проблеми. Апликацијата за пораки WhatsApp на компанијата исто така беше во прекин, според корисничките извештаи.

Компанијата на Марк Зукенберг годинава се соочи со многу обвинувања дека компанијата предност му дава на профитот пред безбедноста на корисниците, што предизвика пад на бројот на корисниците.

На веб -страницата на Фејсбук, од пред еден час се појавува пораката за грешка: „Извинете, нешто тргна наопаку. Работиме на тоа и ќе го средиме што е можно поскоро“. Веб -страницата на Инстаграм ја постави пораката „Грешка на серверот 5xx“, а на мобилните телефони се појавува пораката: „Страницата не може да се вчита“.

Според мониторинг услугата DownDetector, извештаите на американските корисници за проблеми со Фејсбук и Инстаграм се појавија во 11:35 часот во САД. Пад на апликациите беа пријавени и од корисници во други земји, според DownDetector.

Фејсбук засега не се огласи во врска со најновиот проблем на нејзините мрежи.