Подобро за Тетово – Урбанистички проект долж булеварот Индустриска од 233 000 метри квадратни одобрен за пет дена, ќе бараме негово укинување

0
19

Од Независната советничката листа Подобро за Тетово, реагираат на одобрението за градба за на локацијата на поранешната фабрика Шик Јелак, пак се до раскрсницата кај АМСМ, долж десната страна на булеварот Индустриска, каде според нив е дадена дозвола со повеќе нерегуларности, без транспарентност.

Тие како советничка листа ќе бараат укинување на овој урбанистички план, кој дополнително ќе ги бетонизира Тетово

-Ние како иницијатива Подобро за Тетово ќе бараме од носителите на советничките листи на партиите заедно да го укиниме овој урбанистички план, кој го сметаме за штетен за градот и за иднината на идните генерации, рече Хамди Сулејмани носител на советничката листа Подобро за Тетово.