ПОЛОВИНА ОД ОПШТИНИТЕ ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН ДОБИЈА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ПРВИОТ КРУГ

0
15

Иван Јорданов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ според неофицијалните податоци од ДИК е новиот градоначалник на Штип.

Според 100 проценти изброени гласови, својата доверба му ја дале 54,22% од граѓаните што вчера излегоа на гласање. На контото има 3.800 гласови повеќе од својот противкандидат, досегашниот градоначалник Сашко Николов, од редовите на СДСМ.

Честитки за победата Јорданов доби од досегашниот градоначалник на Штип, Николов.

Досега до ОИК Штип не се поднесени никакви приговори, а по законските рокови за жалби новиот градоначалник уверението за изборот може да го добие наредната недела.

Половина од општините во источниот регион добија градоначалници во првиот круг.

Во Штип, Карбинци, Виница, Зрновци славеа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, во Делчево и Берово на СДСМ.

Според се уште неофицијалните податоци од ДИК, втор круг ќе трчаат кандидатите во Пробиштип, Чешиново-Облешево, Пехчево, Македонска Каменица и Кочани.