Приведена жена од Чајлане барана со потерница за казна затвор од 12 години

0
24

Вчера (21 октомври) околу 16 часот и 30 минути, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на МВР ја привеле 42-годишната С.Р. од скопско Чајлане, која се барала со потерница од Основен кривичен суд за издржување казна затвор во траење од 12 години. По приведувањето, реализирано со наредба на Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчеравечер околу 22 часот и 30 минути ја спровеле во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.