Приведен дилер на дрога од тетовско

0
17

Ноќеска околу 01.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(24) од с.Јеловјане, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.