Реконструирани просториите на Регионалниот Центар за управување со кризи -Тетово

0
18
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска го посети целосно реновираниот Регионален центар во Тетово  во рамките на кој се сместени и просториите на Регионалниот центар Е 112.
– Во текот на денешниот ден извршив увид во целосно реновираните простории на Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, во чиј склоп се наоѓа и регионалната канцеларија за проектот Е112 (единствен повикувачки европски број за итни ситуации).
Притоа, се сретнав со вработените во регионалниот центар и со имплементаторите на проектот од Унгарија и заедно со нив се запознав со функционалноста и адаптациите предвидени за работа на РЦУК, Тетово, напиша Ангелов на ФБ.