Ретки се младите претприемачи во полошко, невладини им помагаат за да отпочнат свој бизнис

0
16

За една година со помош на инфо клубот при невладината организација Центар за едукација и развој вработени се 50 млади лица од полошко, но едвај десетина од нив отвориле свој бизнис. Немање на обука, страв од непознатото и административните бариери, се главната причина за ретките млади бизнисмени.  

 Инфо клубот веќе една година функционира ,се со цел полесно вработување. Во рамките на инфо клубот функционираат многу активности, одржување на обуки каде учествуваа над 200 студенти и преставници на средните училишта. Крајната активност која се одржа е саем на кариера на млади. Идејата е да се промовира младинското претприемништво, се со цел да се види дека и младите можат да водат бизниси

 -Првично кога се промовирашпе проектот, целта беше инфо клубот да биде место каде младите ќе можат да најдат линкови  за вработување и во рамки на проектот реализиравме обуки, се со цел младите да научат како да напишат мотивационо место, како да се однесуваат на работно место. После ова, тие имаа менторски средби и понатаму како резултат се вработија 50 лица, а мал дел од нив отворија свои бизниси. Не може да се пофалиме, мал е бројот но тие кои отворија бизниси се успешни, најчесто преовладуваат фирми со ИТ, фирми за туризам, рече Метин Муареми од невладината центар за едукација и развој која е и носител носител на проектот.

 22 годишниот Валон Рамадани е еден од малкуте претприемачки кој уште пред две години одлучи да отвори своја фирма. Вели решил да не замине во странство, но сепак да соработува со луѓе од странство

 -Сопственик сум на софтвер компанија, работиме со странски компании,  Затоа јас сум овде да го пренесем искуството, треба да има повеќе вакви проекти.Многу беше тешко на почетокот, затоа што мора да најдеш фирми со кои треба да соработуваш, мора да работиш многу, да имаш повеќе продукти, да понудиш, за да може некој да ти верува и ако немаш ништо и ако немаш знаење, ти не си компетентен да отвориш компанија и да отвориш нови можности за успех. Многу е тешко, дека мора да ти веруваат, мора да бидеш прецизен нема време за грешки, ова е тешко, но со љубов во она што го работиш, може да се успее.

Некои пак одлучиле да отворат фирми кои знаат дека на почеток нема да профитираат, но  целта им била сосем друга.

Јас имам отворено книжарница. Јас сум тука да им пренесема порака на студентите како  можат да го остварат сонот. Беше тешко кога ќе кажеш книжарница, никој сега, можеби не никој, но не се многу луѓето заинтересирани за книги ова време. Имаме социјални медиуми, друг начин за едукација и информирање. Но, сепак решивме дека треба да имаме книжарница. Ние имавме тешка ситуација, стартувавме годинава во јануари, во средината на пандемијата. Но не е така се црно, од друга страна има сепак тука луѓе кои читаат книги и ние ќе продолжиме да ја држиме компанијата, како еден тренд и тој тренд на читање книги мора да продолжи, значи сега нема да заработуваме многу, имаме друга цел, а тоа е да читаат луѓето што повеќе книги. Но постепено се надевмае тој тренд ќе прерасне понатаму и во добар бизнис, истакна Љатиф Мустафа сопственик на книжарницата.