Речиси изедначена трка за Чаир меѓу кандидатите на ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

0
38

Најтесна трка за градоначалничкото место според анкетата која ја спроведе Центарот за политички истражувања и комуникации, ќе се води во Општина Чаир. Подршката е речиси изедначена за кандидатите за градоначалници од ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Многу минимална предност граѓаните му даваат на Беким Сали од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, за кого од вкупниот број испитаници би гласале 27,9%, а за неговиот политички опонент, односно кандидатот за градоначалник од ДУИ Висар Ганиу би гласале 27,35 % од вкупниот број анкетирани.

Каква е подршката за останатите кандидати за градоначалници, види во графичкиот приказ  подолу;