СЗО пандемијата со Ковид-19 ќе трае и во 2022 година

0
52
epa08920772 A healthcare worker with vial of the Pfizer-BioNTech vaccine at the Villa Scassi Hospital in Genoa, Italy, 05 January 2021. A second batch of 470,000 doses of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine reportedly has arrived in Italy and more than 100,000 people have been vaccinated with it so far in Italy. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Пандемијата со Ковид-19 ќе „трае една година подолго“, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација.

Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“.

Продолженото траење на Ковид-19 е поради тоа што помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, додека на другите континенти вакцинирани се 40 отсто од населението.

Велика Британија испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони. Огромен број вакцини против Ковид-19 се доставуваат во земји со висок и среден приход, додека во Африка само 2,6 проценти од дозите дистрибуирани ширум светот.

Група хуманитарни организации, во која спаѓаат Оксфам и УНАидс, ги критикуваа Канада и Велика Британија за набавка на вакцини за нивната популација преку механизмот КОВАКС, глобална програма за правична дистрибуција на вакцини поддржани од ОН.

Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година, Велика Британија добила 539.370 дози вакцина Фајзер, додека Канада нешто помалку од милион дози од вакцината „Астра Зенека“.

Д-р Ејлвард апелира богатите земји да им дадат приоритет на земјите со најниски примања за набавка на вакцини.