Сите славеа, а никој не победи – Независните од „Подобро Тетово“ со клуч против понижувањето на општината

0
19

За прв пат во Советот на Општина Тетово ќе има неколку независни советници. Се работи за независната советничка листа за Подобро Тетово, составена од членови на невладини пред се еколошки организации, кои изминатите години се бореа за почисто Тетово, заштитата на животната средина. Двајца советници од нив сигурно влегуваат во советот, за уште еден се уште се прават пресметките.

Задоволни од својот успех, денес тие симболично направија еден картонски клуч и ја отворија вратата на Општината каде како што порачаа ќе водат битки за решавање на проблемите на тетовци.

-Со 2842 гласа плус успеавме! Конечно ево го и клучот со кој се отвараат вратите на Општината за граѓаните.Ова е добар почеток, Тетово да добие нов правец, со кој ќе се спречи Проектот на деградација и понижување кој му се прави со години.Тетово е уморна од нечистите улици со дупки, од купиштата со смет, од кучиња скитници, од небезбедноста и мизерните услови на болницата, од урбанистичкиот и сообраќајниот хаос, од уништувањето и узурпацијата на зелените површини, мистериозните шверцувања на урбанистичките планови.Победи нашата вербата дека Тетово треба да стане град, каде може да се живее а не да се преживува.Нас не гласаа тие што ја сакаат промената. Ние нема да навлеземе во изборот на граѓаните, но јасно е дека поддршката за нас е поддршка за промената во Тетово, рече Хамди Сулејмани советник во новиот совет на Општина Тетово, кој беше и носител на независната советничката листа за Подобро Тетово.

Двете поголеми партии од албанскиот политички блок пак ДУИ и Беса, кои со своите кандидати за градоначалници за Тетово влегоа во вториот круг, славеа секој на свој начин, за како што истакнаа голема победа во Тетово. ДУИ во партискиот штаб каде лидерот на партијата Али Ахмети порача –

-И во овој важен процес за локалната самоуправа излеговме како победници, во вториот круг одиме со голема предност и сме победници во општините- Тетово, Чаир, Кичево, Струга ,Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново и Долнени. Ги поздравувам членовите на Демократската унија за интеграција за оваа победа на нашата партија, после таа победа во 2020 година на парламентаните избори, каде имавме уште еден успех, зголемувајќи го бројот на гласовите ,рече Ахмети

Лидерот пак на движењето Беса, Биљал Касами, кој воедно е и кандидат за градоначалник за Општина Тетово, со своите приврзаници и симпатизери со зурли, тапани и оро како и огномет славеше на тетовскиот плоштад.