Со срце за Тетово мотото на програмата на Биљал Касами кандидат за градоначалник за Општина Тетово

0
31

Се интензивира кампањата пред вториот круг од локалните избори. Деновиве преку средби со граѓаните кандидатот за градоначaлник за Општина Тетово од движењето Беса Биљал Касами ја презентира програмата 2021 – 2025 со мотото Со срце за Тетово.

Во мојата визија, Тетово е модерна општина со обучен кадар што дава приоритет на трајна отчетност за трошење на јавните средства, вработени фокусирани на економскиот развој на општината и во служба на бизнисот и граѓаните. Мојот тим и јас имаме сон! Сакаме да го преродиме нашето Тетово. Бидете дел од овој голем сон и заедно со вас ќе го фатиме модерниот ритам на секојдневната потреба за промени, заедно со вас ќе бидеме вистински лидери за да ја направиме промената што сакаме да ја видиме. На Тетово му треба нова генерација политичари кои не се оптоварени со минатото и кои имаат капацитет да создадат модерна општина, стои во програмата Со срце за Тетово.

Гледајќи и чувствувајќи ги секојдневните грижи на граѓаните од лошото управување со општината и следствено ниското ниво на економски развој, Движењето БЕСА нуди професионална и “договорена” изборна програма, дека со општинската институција ќе управуваме според стандардите на ЕУ, нудејќи: · Високо ниво на доверливост; · Високо ниво на почитување на правилата и законите; · Високо ниво на отчетност и транспарентност; · Менаџирање со компетентност, високо техничко и менаџерско ниво; · Менаџирање со висок организациски капацитет; · Менаџирање со визија за иднината; · Висок степен на управување со ефикасност и ефективност, се посочува во програмата.

Главни постулати на програмата се меѓу другото – Одржлива локална власт, Квалитетно образование, Еднакви можности за сите, Локален економски развој, Бизнис инкубатор, Туризмот, главниот столб на економскиот развој, Трајна отчетност, Транспарентна општина, Ефикасно управување, профитабилно претпријатие во служба на граѓаните, Ред и безбедност, Еколошка општина – Чиста животна средина, како и Институционална децентрализација