Српската премиерка: Планирале убиство на Александар Вучиќ

0
51

Тоа е планирано долго и детално. Формирани се паралелни структури во Министерството за внатрешни работи (МУП) и водени се кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа и медиумите во регионот за да го дехуманизираат Вучиќ и од него и неговото семејство да направат криминален клан“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк.

Брнабиќ додаде дека во времето на неговото евентуално физичко погубување, медиумите би рекле „дека не е ништо чудно, дека тој го заслужил тоа, дека бил мафијаш, а политичар само за јавноста“.

„Со вакви резултати, немате што да му замерите на претседателот па безогледно и бесрамно го напаѓате неговиот син. Сè стана дозволено!

„Момчето се криминализира, тој е на насловните страници на тајкунските медиуми и неделници, му се препишува дека води навивачки клубови, дека тргува со фудбалери, дека е близок со криминални кланови, а тоа, како што видовме во последните месеци, е многу опасно… Сето ова е насочено против Вучиќ“, вели српската премиерка, нагласувајќи, пишува Пинк, дека е сигурна дека било планирано убиство на Вучиќ.

„Целиот наратив беше таков. Мислам дека сакаа да го убијат и претходно, за време и по отворањето на Стефан Немања, но денес, ми се чини, тој наратив беше скршен. Ќе продолжиме со истрагата и нема да има заштитени луѓе“, рече Брнабиќ.

Надлежните служби си ја вршат работата, а партиска книшка, име и презиме или функција нема да заштити никого, го коментираше Брнабиќ апсењето на поранешната државна секретарка Дијана Хркаловиќ.

„Српската напредна партија е единствената во историјата на Србија која рече дека со сите се постапува еднакво. Нема заштитени луѓе! Има институции и, ако некој го прекршил законот, ќе одговора“, вели премиерката, додавајќи: „Сè што се случуваше во врска со прислушувањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ и во случајот со аферата Јовањица беше обид за државен удар, најблаго речено.“