Татко нападнал син во гостиварско, сопруг ја нападнал сопругата и ќерката, син нападнал татко, свекор нападнал снаа, за едно денониќие четири физички пресметки во полошко

0
19

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 17 часот и 30 минути на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар го лишиле од слобода 56-годишниот Ф.Б. од гостиварски Равен, кој претходно физички ги нападнал 62-годишниот Б.Б. и неговиот син Д.Б.(36) од Гостивар. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.

Неколку часа подоцна  полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец Б.Ф., кој еден час пред тоа во семејниот дом физички ги нападнал 42-годишната сопруга и нивната ќерка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Денеска пак, 35-годишиот тетовец Н.К. е повикан во Полициската станица Тетово затоа што завчера  околу 21 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 53-годишен татко. Се преземаатмерки за расчистување и документирање на случајот.

Триесет и петгодишна жителка на тетовско село вчера (14 октомври) во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден во семејниот дом била физички нападната од  нејзиниот 67-годишен свекор Џ.З.. Денеска Џ.З. ќе биде повикан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.