Тепачка меѓу две групи пазарџии на тетовскиот пазар

0
15

Две лица од тетовска Мала Речица и две од тетовски Порој пазарџии на тетовскиот пазари со ножеви и боксирачи ги расчистувале сметките

-Тепачката се случила вчера попладне, а нешто подоцна околу 14 30 минути , на улица „Маршал Тито“, во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.С.(34) и М.Ј.(54) од тетовска Мала Речица, а час и половина подоцна и М.Б.(40) и Џ.Б.(37) од тетовски Порој, учесници во физичката пресметка.Двете лица од Мала Речица задржани се во Полициската станица Тетово, а од Х.С. бил одземен и нож.Се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци, рече Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово