Тепачки во полошко, приведен 19 годишник поради агресивно однесување кон полициски службеници

0
26

Ноќеска во 03.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(19) од с.Радиовце, Tетовско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во петокот вечерта во 21.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(33) од с.Мала Речица, Tетовско, затоа што околу 16.50 часот на „29 Ноември“ во Тетово физички ја нападнал Х.Б.(41) од с.Селце, Tетовско. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска во 02.00 часот во Полициското одделение Групчин, А.Џ.(18) од с.Палатица пријавил дека 23.10.2021 околу 23.30 часот во с.Палатица бил физички нападнат од Х.Х., Б.С., двајцата од с.Требош и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот