Тетово доби повратна вендинг машина, за две пластични шишиња добиваше еден денар и почиста средина

0
16

Повратната вендин машина е поставена во маркетот Веро во Тетово. Ја донираше компанијата Пакомак, каде беше присутен и Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Во Македонија моментално има четири вакви машини, а целта е нивната бројка наредната година да достигне и до 60. За три месеци собрани се над 72 000 парлиња амбалажа, ,а има 2200 корисници кои ги користат апаратите.

-Преку рециклирање, добиваме паричен надомест и на тој начин тоа се враќа кон граѓаните. Целта е да ја јакнеме навиката на граѓаните да селектираат амбалажа и тоа е заложба на цел свет, за да се перцепира пластиката како суровина. Граѓаните треба првин да ја симнат апликацијата на телефон со скенирање на код, со тоа добиваат свој код и со приближување на телфонот до читачот од машината се логираме и ги пуштате шишињата. За секо шише се добива еден зелен поен, а тоа е 0,5 денари и кога ќе соберете одреден број поени, од тоа добивате ваучер и со тој ваучер ви се намалува сметката во Веро, истакнаа од компанијата Пакомак.

Машината има капацитет од 150 шишиња, а новите модели ќе имаат имаат поголем капацитет за дополнителни 50 %.

Проценките се дека секоја од овие машини на годишно ниво може да соберат и до 5 тони пластика.