Удрил со возилото во полициско Јети додека обезбедувало сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар

0
20

Вчеравечер  во 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавена е сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, во близина на мостот на Вардар. Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Е.Б. удрило во паркирано службено возило на МВР „шкода јети“ кое обезбедувало претходно случена сообраќајна несреќа на тоа место. Возачот на „голфот“ се здобил со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, а увид извршила екипа од СВР Тетово.

Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово продолжува со континуирани контролни активности, во кои главни приоритети деновиве се брзината со која се движат возилата, управување без положен возачки испит и непрописно, односно погрешно паркирање.

Вчера (14 октомври) биле откриени 4 лица кои управувале без возачки дозволи, 9 непрописно паркирани возила, 2 возила со вградени неатестирани возила, исто толку „алкохолизирани“ возачи и други видови сообраќајни прекршоци.