Уценувал 23 годишник од Тетово со компромитирачки фотографии, полицијата го уапсила и пронашла дрога

0
21

На 19.10.2021 околу 16.40 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., исто така, од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што подолго време барал и добивал парични средства од Д.Ш, информира МВР.

При лишувањето, на Б.Ш. му била пронајдена и марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.